Фестивали

„Фолк Фест Валандово“ и годинава три дена со богата македонска музичка програма (Фото)

Ексклузивно музичкиот портал Музика24 дознава дека и годинава Фестивалот на новосоздадени македонски народни песни „Фолк Фест Валандово“ ќе трае три дена. Како што дознаваме, и годинава на градскиот плоштад во Валандово ќе се одржуваат концерти и музички настани во т.н. OFF програма пред официјалниот старт на фестивалска вечер.

Па така, 24-ти мај (петок) во првата вечер од OFF програмата која што започнува во 21 часот а е во рамки на фестивалот, на градскиот плоштад во Валандово свој настап-концерт пред валандовската публика ќе имаат познатиот македонски фолк пејач препознатлив за овој музички фестивал Перо Христов, Драган Мијалковски кој далечната 1989 година го отпеа безвременскиот хит „Дојди Лено на перниче бело“, како и познатиот и популарен пејач кај помладата публика Влатко Лозановски – Лозано кој изминатиов период ги изненадува своите фанови со нови и интересни музички проекти.

На 25-ти мај (сабота) со почеток во 21 часот на градскиот плоштад во Валандово ќе стартува втората вечер од OFF програмата на „Фолк Фест Валандово“. На сцената пак оваа вечер присутната публика ќе може да се забавува со одличните рефрени на секогаш оргиналниот и незаменлив Игор Џамбазов и Гуру Харе, групата „Ареа“ а како јаготка на шлагот и крај на OFF програмата, на сцената ќе настапи познатиот македонски DJ Кирил Џајковски кој со своите старо-нови музички проекти ќе го задржи вниманието на помладата валандовска публика.

Недела 26-ти мај е денот кога ќе се одржи и официјалната фестивалска вечер на „Фолк Фест Валандово“ во Домот на културата „Јанко Узунов“, каде пред присутната публика и гледачите на Македонската радио телевизија на фестивалската сцена ќе се изведат 20 нови македонски песни за прв пат изведени токму таа вечер на „Фолк Фест Валандово“.

Традиционално, и оваа година „Фолк Фест Валандово“ ќе го води познатиот водителски пар, секогаш одличната насмеана и шармантна Ирена Спировска и новинарскиот валандовски бренд Ѓорѓи Калајџиев.

За повеќе детали и информации околу и за „Фолк Фест Валандово“ следете го единствениот музички портал Музика24.

Можеби ќе ве интересира: