Како што дознава музичкиот портал Музика24, овогодинешното издание на еден од најпознатите и најстари македонски музички фестивали во Република Македонија “Фолк Фест Валандово”, ќе се оддржи на 30-ти и 31-ви мај. Како што не информираа од Општината Валандово, со кој Музика24 стапи во контакт, првата вечер ќе биде ревијална, додека втората ќе биде натпреварувачка.
Пред самото одржување на фестивалот, на 21-ви мај ќе се оддржи јавното извлекување на редоследот на натпреварувачите. Од Општината не известуваат и дека во текот на следната недела ќе имаме многу повеќе информации за самиот музички фестивал и многу повеќе.
А Вие како наши редовни читатели за се она што ве интересира во врска со овој македонски музички фестивал, продолжете и понатаму да го следите и читате нашиот музички портал каде наскоро ќе имаме и многу повеќе информации во врска со “Фолк Фест Валандово 2019”