Фестивали

Франција победи, Србија претпоследна на Детска Евровизија (Фото+Видео)

Вечерва во Варшава, Полска се одржа 19-то издание на Детската Евровизија. Победник е Франција со Валентина и нејзината песна „J’Imagine“. Овогодинешното шоу беше уникатно со настапите што ги снимаа радиодифузерите и оние во Варшава. За овогодинешното натпреварување се почитуваа сите мерки за одржување на безбедноста во време на пандемија. Но, и покрај тоа што помалку држави се натпреваруваа оваа година, шоуто сепак беше триумф против сите неволји и неизвесност оваа година.

Вкупно 12 земји учествуваа, а победникот беше избран со комбинација на гласовите на националните жирија и гласање од два дела на Интернет (едно пред-шоу, засновано на клипови и едно за време на шоуто). Од регионот учествуваше единствено Србија, а покрај неа Русија, Казахстан, Белорусија, Франција, Шпанија, Холандија, Грузија, Украина, Малта, Полска и Германија.

Откако гласаа националните жири, Франција предвремено го презеде водството од Казахстан и Белорусија, кои завршија на второто и третото место.

Србија ја претставуваше Петар Анчиќ со песната „Heartbeat“, со која се пласираше на претпоследното место на табелата.

Можеби ќе ве интересира: