Фестивали

Гарванлиев: Aко повредив некого на кој било начин, од се срце се извинувам, простете ми

Васил Гарванлиев преку Фејсбук го искоментира повлекувањето на спотот за песната „Here I Stand“ со која ќе ја претставува Македонија на претстојното издание на Евровизија што ќе се одржи во Ротердам во мај. Тој се заблагоради и за поддршката која ја добил досега.

“За жал, изминатиот викенд работите тргнаа во различна насока во мојата убава Македонија и моравме да го повлечеме и повторно да го објавиме видео-спотот (поради погрешно толкување на триптихот на ѕидот). Јас сум музички амбасадор и во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја. Се гордеам со овој проект кој ме отелотворува не само мене, туку и мојата држава и култура – музичарите и изведувачите во галеријата”, напиша Гарванлиев на Фејсбук во прилог на неговото видео-обраќање.

Тој меѓудругото се извини ако повредил некого.

“Не се извинувам поради тоа кој сум. Никогаш нема да го сторам тоа – немав избор во ова. Но, ако повредив некого на кој било начин, од се срце се извинувам. Простете ми!”, порача Гарванлиев, додавајќи и стихови од неговата евровизиска песна.

Се уште нема официјален став во врска со случајот од Македонската телевизија, носител на лиценцата за учество на „Евровизија“.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: