Годинава Евровизија со алтернативно решение

Откако на 18 март официјално беше соопштено дека се откажува Евровизија 2020, после цел месец потрага по алтернативно решение, денес е донесена нова одлука:

За точно еден месец 46 радиодифузери ќе емитуваат #Eurovision: Europe Shine A Light!

Во сооштението стои дека по откажувањето на натпреварот за песна на Евровизија 2020 година, ЕБУ и нејзините холандски членови НПО, НОС и АВРОТРОС потврдија дека ќе емитуваат Евровизија со Големото финале во сабота на 16 мај.

Шоуто ќе ги почести сите 41 учесници во не-натпреварувачки формат и ќе обезбеди секакви изненадувања за гледачите дома. Исто така, ќе ги собере уметниците од 2020 година, од нивните локации низ цела Европа, во обединувачки настап од Eurovision 1997’s Love Shine A Light by Katrina And The Waves. Во Македонија преносот ќе биде на МРТВ.

Повеќе на Музика24...