Фестивали

„Gold Felicia Summer Festival“ со познати македонски и балкански музички имиња (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, само во Битола и во Gold Felicia се одржува големиот „Gold Felicia Summer Festival“. Досега на ова прво издание на овој голем музички фестивал имаат настапено Ален Исламовиќ (06.06.) и Дарио и Миг21 (13.06.). Според најавите на 27-ми јуни свој настап ќе има познатата српска фолк пејачка Сека Алексиќ.

Интересно е тоа што овој музички фестивал ќе трае во текот на целото лето. Според она што го имаме како информација од Gold Felicia ќе настапат голем број на познати музички имиња меѓу кои ќе ја споменеме и Светлана Цеца Ражњатовиќ, Драгана Мирковиќ, Јелена Розга…

А во продолжение, погледнете го распоредот на настапи на „Gold Felicia Summer Festival“.

Јули

  • Аца Лукас (04.07)
  • Драгана Мирковиќ (11.07)
  • ДНК и Влатко Лозаноски (17.07)
  • Светлана Цеца Ражњатовиќ (18.07)

Август

  • Јелена Розга (01.08.)
  • Милица Тодоровиќ (08.08.)
  • Амадеус Бенд (15.08)

Доколку сакате одлични и незаборавно поминати вечери, „Gold Felicia Summer Festival“ е вашиот вистински избор.

Можеби ќе ве интересира: