Фестивали

Горан Шарац е новиот уметнички директор на интернационалната вечер на „Охрид фест“

По 20 години „македонска апстиненција“, композиторот Горан Шарац е повторно во земјата што ја љуби, Македонија. Причината е ангажманот, што вели му е вистинско задоволство ама и предизвик: директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест- Охридски трубадури“ што ќе се случува на 11-ти септември во Охрид.

Горан живее во Словенија, но оваа „дежела“ никогаш не му ги избришала спомените, ниту пак ја намалила доминацијата на гените. Имено, тој по татко е хрват, но по мајка – македонец, до 5 одделение живеел во Дебар Маало, и ја сака и препознава секоја стапка од Скопје. Моментално Шарац го дооформува списокот на учесниците на Интернационалната вечер на „Охрид фест“: сигурен е дека ќе изобилува со добра музика и со етаблирани имиња.

Можеби ќе ве интересира: