Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов и минатогодишните учесници, Пајак и Лара ќе го кренат фестивалското знаме и со самото тоа ќе го означат почетокот на годинешното, 38-мо издание на реномираниот фестивал „Макфест“.
Иако кревањето на знамето беше најавено за 11 часот, поради засега непознати причини, програмата е променета и кревањето на фестивалското знаме е најавено во 9 часот. Тој посебен и свечен чин за градот Штип, а и Македонија ќе се одржи утре, петок 20-ти октомври пред хотелот „Оаза“.
Како што и веќе најавивме, 38-то фестивалско издание ќе се случи на 20-ти и 21-ви октомви во Домот на културата во Штип. Награда ќе има само една, за најслушана песна меѓу два фестивала, а песните ќе бидат ставени на носач на звук, цедето ќе биде готово до почетокот на фестивалот. Водителската двојка е истата од минатата година, препознатливата и прекрасна Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, а ќе има и познати презентери.
Македонска телевизија директно ќе го пренесува фестивалот „Макфест“ на нивната прва програма, а ќе го емитува и Македонското радио.