Грандиозниот проект „Големиот Чајковски“  ќе го отвори годинешното 61-во „Охридско лето“  

Националната опера и Балет на Република Северна Македонија свечено  ќе го отвори 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид со проектот „Големиот Чајковски“. Спектакуларниот проект ќе ја донесе балетската  трилогија  со најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски,   „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, како и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. 

 На сцената на Античкиот театар ќе излезат над 90 уметници, балетски првенци, солисти, како и ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет, предводени од  диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. 

Најавувајќи ја годинешната фестивалска програма, директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ,  рече дека годинава, и покрај тоа што сѐ уште трае здравствената криза, фестивалот ќе се одржува во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август.  

-„Ќе настапат околу 500 уметници од 18 земји, Србија, Холандија, Словенија, Русија, Бугарија Косово, Германија, Хрватска, Турција, Франција, Италија, Чешка, Романија, Грција, Црна Гора, Белгија и САД како и уметници од Република Северна Македонија. Што се однесува до уметничката програма, можам да најавам врвни концерти со познати светски имиња но приоритет им дадовме на нашите македонски уметници кои имаат светска слава, нашите национални оркестри и театарски куќи. Врвни домашни изведувачи ќе настапат со светски познати имиња во прекрасната Света Софија. Нивниот спој уште еднаш ќе го потврди Фестивалот „Охридско лето“ како е еден од најголемите промотори и афирматори на врвната уметност. И љубителите на театарот годинава ќе имаат прилика да уживаат во квалитетни театарски креации од земјава и надвор од неа.“ – истакна Поповиќ. 

Директорката на оваа национална установа додаде дека  и годинава, програмата ќе се реализира  според строго утврдените заштитни  мерки по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, но како што рече, тимот на „Охридско лето“   е поискусен и повеќе подготвен за уште едно издание, и овојпат во пандемиски услови.  

Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ , Даница Стојанова,  најави дека  музичката програма годинава ќе донесе 34 концерти  со врвни уметници од кои два ќе се одржат во рамките на офф-програмата.  

-„Ги поканив најдобрите и најхрабрите кои ќе допатуваат од повеќе страни на светот, со една единствена мисија, за спас на уметноста и културата и нејзино славење во ова чудно време,во градот каде за секој ден има по една црква, каде сонцето гали а езерото тихува, во Охрид градот на светлината и уметноста. Концертите ќе бидат реализирани во Античкиот театар, во   црквата Св. Софија и Долни Сарај.“ – рече Стојанова.  

Селекторката на музичката програма нагласи дека  Програмата за 61-то издание беше подготвена и предадена во Министерството за култура уште во септември минатата година, и како што појасни,  речиси немаше никакви измени.  

-„Досега ниеден од уметниците не се откажа и сѐ тече во најдобар ред,сите со нетрпение чекаат да дојдат и да настапат во храмот со боженствена енергија и сила црквата Св. Софија. Ќе чуеме врвни имиња како  Александар Штаркман, Ѓуљсин Онај, Вихан квартет, Ирина Графенауер, Мате Бекавац Кирил Родин, Жени Захариева, Маја Богданович,Даниел Родан, Стојан Димов и Дино Имери, Дарко Костовски, Васко Дантас, барокниот ансамбл Театро ала мода, Горѓи Цинциевски , Саимир Пиргу и Мерита Таршана,гудачки квинтет на филхармонијата од Загреб на чиј концерт ќе настапи нашиот млад виолинист Александар Иванов, Калина Мрмевска, Надја Неволовиќ, женскиот хор под раководство на диригентот Ивица Зориќ Менада, мешаниот хор на филхармонијата од Приштина, Елоизе Карлин,Барокни дијалози со камерниот ансамбл на Македонска филхармонија, Алесандро Фатони и Џорџо Мартану, Петру Иуга и Михаил Хориа, Хајди Елзесер и Ненад Лечиќ, Лирска вечер со фестивалски камерен оркестар и вокални солисти под диригентската палка на Паскал Галоа,Захариас Тарпагос и Валерија Харитиду , дуото гитари Горан Кривокапиќ и Даниел Церовиќ, Владимир Марковиќ и Јулијана Шуловиќ,Драган Средојевиќ и Ненад Ивовиќ.“ – рече Стојанова.  

Таа најави дека во слободната програма ќе има два одлични проекти, ЗЗ квартет и Балкански танцов проект „ Сви марш на плес“ со кореографија на Игор Киров , а за роденденот на фестивалот ќе настапат извонредните уметници од групата „Синтезис“. Годинава на „Охридско лето“ ќе се одбележат и 35 години од постоењето  на камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар“ на МММ со солист Богдана Бушевска и диригент Борјан Цанев. 

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com