Бендот „Калуш оркестра “, кој Украина го пријави за овогодишниот Избор за песна за Евровизија, соопшти дека сè уште планира да патува во Торино на натпреварот во мај и покрај војната што беснее во нивната земја.
“Се подготвуваме најдобро што можеме и ќе дадеме сè од себе да ја претставиме нашата земја на најдобар начин“, рече пејачот Олех Псиук во саботата во видеото објавено на „Инстаграм“. Тој им оддаде почит и на организаторите на натпреварот за нивната поддршка.
„Калуш оркестра“ со песната Stefania е главен фаворит за победа на годинешниот натпревар. Бендот ќе настапи во првото полуфинале на 10-ти мај. По почнувањето на руската инвазија пред еден месец, бендот на социјалните мрежи ја изрази својата поддршка за отпорот на Украина против руската инвазија. Русија е исклучена од годинешната Евровизија, како и нејзиниот сосед и близок сојузник Белорусија.