Фестивали

„Илинденски денови“ оваа година со најбогато фестивалско издание

На 18-ти јули во Битола започнува 52-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Под слоганот „Од корените до цветот“, фестивалот ќе трае до 30-ти јули а ќе се одвива на неколку локации во градот како: Ракометното игралиште, плоштад Магнолија, Завод и Музеј, Магазата, Офицерскиот дом, Старата битолска чаршија итн. За разлика од порано кога фестивалот почнуваше на 26-ти јули, оваа година започнува на 18-ти јули од кога ќе се одвива офф програмата на фестивалот во која оваа година централно место има Етнографскиот филмски фестивал.

ОВаа година започнуваме малку порано, отколку што е битолската јавност навикната. Оваа година започнуваме со една новина а тоа интернационален филмски фестивал на етнографски филмови. една идеја која се раѓаше во изминатите години, кога во магазата имавме проекции на етнографски и етнолошки филмови во соработка со кинотека на македонија, МРТ и разни други архиви. – истакна маја андоновска – илијевски, директор на центар за култура.

Во однос на траењето на фестивалот и содржината на програмата ова е можеби најбогатото фестивалско издание кое се шири со повеќе денови за разлика од порано, воведува и фестивал на етно филмови, носи нови интересни концерт соработки, иновира нови научни собири на тема етнологија, работилници во кои се оживува традицијата и неколку модерни етно перформанси кои се цветот на фестивалот, посадени врз корените на традицијата. Првото издание на Етнографскиот филмски фестивал ќе се одвива од 18-ти до 23-ти јули во Центарот за култура а селектор на програмата е Тони Гламчевски. Покрај филмскиот фестивал дел од програмата се 9 изложби на фотографии, театарски перформанс, модна ревија, саем на книги, стручни расправи а се разбира и традиционалните Вечери на традиционална музика и игра на Ракометното игралиште како и дефилеата на гостите од Полска, Италија, Србија, САД, Колумбија и Шпанија.

Во музичкиот дел на програмата се: вокално инструментална вечер „Ехо од дамарите“, манифестацијата „Музика на Широк сокак“ како и концерт на НУ Ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура со 2.200.000 денари и од Општина Битола со 600.000 денари.

Можеби ќе ве интересира: