Фестивали

Италија со рок песна победи на 65. Евросонг

Италија со групата „Манескин“ и песната „Ziti e buoni“ победи на Евросонг благодарејќи на гласовите од телеволтингот. До крајот се водеше битката меѓу Франција и Швајцарија за да на крај со 524 гласови победи Италија.

Преставничката на Франција Барбара Прави

На финалето вечерва гласаа сите 39 земји-учеснички, а настапија 26 изведувачи, победници од двете финални вечери плус големата петорка и земјата домаќин: Шпанија, Англија, Франција, Италија и Холандија. Во првата петорка се најдоа и Франција, Швајцарија, Исланд и Украина. Македонија 12 поени и даде на Србија.

Претставникот на Швајцарија Ѓон Муамерај, со сценско име Солзите на Ѓон (Gjon’s Tears)

Финалето почна така што по диџеј сетот на Питер Габриел на сцената во арената Ахој продефилираа сите учесници од 26 земји, налик на изборите на изборите за мис на убавина. Прва настапи Кипар, а Сан Марино беше последна.

Како специјални гости на финалната вечер на 65-та Евровизија настапија шест легендарни поранешни победници : Лени Кур (1969), Teach-In (со Гети Касперс, 1975), Сандра Ким (1986), Хелена Папаризу (2005), Лорди (2006) и Монс Зелмерлов (2015) кои ги изведоа своите песни од три уникатни локации во центарот на Ротердам. Покривите на Маасило, Хотел Њујорк и Депото Бојманс Ван Беунинген .

Можеби ќе ве интересира: