Фестивали

Ивица Сикириќ Иќо ќе дебитира на СМС фестивалот со песната „Само за љубав“ (Видео)

Годинава на СМС фестивалот за првпат ќе се претстави Ивица Сикириќ, на публиката познат како Иќо. Овој пејач од Задар израснал во светот на клапската музиката, а на мандолина свири од својата 12-та година. Иако во својата долга кариера има одржано многу концерти и се испробано на многу фестивали, ова ќе биде негов прв настап на сцената на СМС фестивалот.

Иќо во Водице доаѓа со песната „Само за љубав“ за која музиката и текстот ги напиша Рудолф Дворски, а аранжманот и продукцијата ги направи Игор Ивановиќ. Во видеото што ја придружува оваа песна, акцентот е ставен на убавите визуелни елементи во интимна атмосфера. Во песната се зборува за љубовта, па секој може да се пронајде во нејзиниот текст.

„Можам да кажам дека песната е создадена уште пред неколку години. Јас и Руди сфативме дека е сè актуелна и и дека публиката ќе ја прифати и со нетрпение очекувам да настапам со неа на СМС фестивалот“, изјави Ивица Сикириќ Иќо.

Неговиот музички сон се оствари кон крајот на минатиот век кога клапата Трогир го покани да го замени легендарниот Винко Кока и да биде негов прв тенор. Својата самостојна кариера ја започнува во 1997 година, кога го имаше својот прв настап на „Задарфест“, каде ја освои првата награда за дебитант со песната „Кад би могла признати“.

Со песната „Опет је јулин цилин тилом“ ги освои срцата на публиката во 2021 година, што докажува и податокот дека набргу по нејзиното претставување на Сплитскиот фестивал, во Далмација се појавија графити со делови од песната.

Можеби ќе ве интересира: