Фестивали

Избрани композициите за “Беосонг 2013”

Попладнево Радио Телевизија Србија на својот интернет портал го објави списокот на композиции кои ќе се натпреваруваат на фестивалот “Беосонг 2013” за избор на песна за Евросонг кој ќе се одржи во Малме во месец мај.

По внимателно преслушување на пристигнатите 171 композиција, селекционата комисија од музички експерти и стручњаци доцна попладнево го објави списокот од 15 песни кои ќе се натпреваруваат на првата вечер на “Беосонг 2013”, која ќе се одржи на 2-ри март. Композициите кои ќе имаат можност бидат претставени пред српската публика се следниве:

1. Александар Филиповиќ – Моја светлости
2. Ана Бојиќ – Што пролазим
3. Војкан Борисављевиќ – За тебе живим
4. Добривоје Мариќ – Савршен крај
5. Драган Ристиќ – Усне кадифа
6. Иван Илиќ – Трен
7. Максим Кочетов – Светла пале се за нас
8. Marc Paelinck – Благослов
9. Марко Ђурашевиќ – Спас
10. Ненад Милосављевиќ – Ружа од барута
11. Никола Буровац – Анџео с неба
12. Никола Чутурило – Хало!
13. Саша Милошевиќ  – Љубав је свуда
14. Sky Wikluh – Магија
15. Слободан Петровиќ – Дуга у твојим очима

Пет од овие композиции која публиката во текот на полуфиналната вечер ќе ги изгласа по пат на смс гласови, ќе се изберат како најдобри и за истите публиката ќе има можност да гласа следната вечер, односно на 3-ти март и воедно да ја одбере најдобрата композиција која што оваа година ќе ја преставува Србија на Евросонг.

Од Радио Телевизија Србија порачуваат дека исклучиво гласовите од публиката ќе го одлучат победникот и претставникот на Србија во Шведска. Тие велат дека според правилниот на фестивалот, по завршениот избор на композиции кои што ќе учествуваат, тие ги објавуваат и членовите на селекционата комисија односно стручните музички експерти меѓу кои се: Билјана Крстиќ – музички уредник во Радио Белград, Момчило Бајагиќ Бајага – музичар и композитор, Владимир Мариќ – композитор и пијанист и останати кои се дел од музичкиот тим на Радио Телевизија Србија.

Овогодинешното евровизиско натпреварување 58-мо по ред, оваа година ќе биде одржано од 14-ти до 18-ти мај во Малме, Шведска.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: