Фестивали

Избрани се композициите за фестивалот „Ех, таа серенада“ во Битола

Како што не информираат од културно информативен центар во Битола, кој што се воедно домаќин и организатор на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“, избрани се композииците што ќе бидат испеани на второто издание на фестивалот закажано за 11-ти јули во битолскиот Офицерски дом.

По завршувањето на конкурсот, комисијата за избор и селекција ги избра песните „Да ми потрае денот“ чиј автор на текст е Валентин Соклевски, а композитор Давор Неќак, потоа „Госпоѓа Марија“ чиј комплетен автор е Петар Георгиев Калица, а меѓу 16 композиции на автори од градот и земјата се и песните „Дојди кај што цутат липите“, „Јас од мерак боледувам“, „Кажи, кажи Широк Сокак“ и други.

Избраните музички дела на авторите и исполнителите ќе бидат наградени согласно пропизициите на фестивалот.

Можеби ќе ве интересира: