Изложба на концертни плакати на Влатко Стефановски на фестивалот “Синема сити”

Во периодот од 2-ри до 7-ми септември, на локации како Музеј на Град Скопје и Кинотека на Македонија ќе се организира 5-то издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје “Синема сити”.

Во музичко-изложбениот дел, во фокус ќе биде изложбата на Влатко Стефановски во Музеј на Град Скопје, која е насловена како “Патешествие”. Се работи за изложба на концертни и промотивни плакати од личната колекција и архива на Стефановски. Со изложбата се прикажува неговото патешествие од самите почетоци со “Леб и сол”, па до ден-денес, преку бројните солистички концерти и проекти.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт од Скопје, а визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Автор на фотографијата е Татјана Ранташа.

Изложбата “Патешествие” ќе се отвори на 2-ри септември во Музеј на Град Скопје, а проекциите на филмовите ќе се организираат во Кинотека на Македонија почнувајќи од 3-ти септември.

Повеќе на Музика24...