Јелена Томашевиќ за “МелФест”: Непотребно бев најавена, знаеа дека неможам да дојдам

Како што неодамна информираше музичкиот портал Музика24, на 22ри ноември се одржа долго најавуваниот фестивал “МелФест” во Домот на културата во Прилеп. Фестивалот беше најавен како повторно враќање на фестивалската сцена, после долги години пауза.

Освен многубројните музички имиња од Македонија, како специјален гостин беше најавена и српската поп пејачка Јелена Томашевиќ. Таа не се појави во Прилеп, а тука се поставува прашањето дали организаторите знаеле дека таа неможе да присуствува, но покрај се упорно ја најавувале.

За интернет порталот “Репортер.мк” Јелена Томашевиќ вели дека таа не можела да присуствува на фестивалот поради многубројни веќе закажани обврски, а не како што веќе изјавиле организаторите на “МелФест” поради украдените документи за време на одморот во Занзибар. Томашевиќ за сето тоа ќе каже:

“На “МелФест” не можев да дојдам затоа што веќе имав закажани концерти. На Занзибар го изгубив телефонот. Фала богу никој ништо не ми украде. Тука некој задоцнил со преносот на информации. Јас веднаш им соопштив дека нема да можам да дојдам на фестивалот. Така што не требаше ниту да ме најавуваат”, изјави Томашевиќ за “Репортер.мк”.

Зошто и поради која причина организаторите за српските медиуми изјавиле дека пејачката која била најавена како специјален гостин не можела да дојде поради загубените лични документи, тоа навистина незнаеме, но наскоро ќе стапиме во контакт со дел од организацијата на овој познат новообновен музички фестивал и се надеваме дека ќе дојдеме до вистинската причина за (не)гостувањето на Јелена Томашевиќ.

Повеќе на Музика24...