“Како некогаш” на Биба Додева апсолутен победник на “Охрид фест 2019” (Видео)

Изминатиот викенд во Охрид нашиот најубав туристички центар, се оддржа 26-то издание од познатиот македонски музички фестивал “Охрид фест”. Иако започна со многубројни организациски пропусти кои потоа организаторите умешно ги прифатија, фестивалот сепак личеше на оние познати балкански музички фестивали кои само можеме да ги гледаме на тв. Пред хотелот “Нова Ревиера” на 5-ти септември стартуваше првата фестивалска вечер посветена на фолк музиката каде настапија голем број на познати, но и доста нови музички имиња.

Фолк вечерта помина со голем број на интересни композиции, првото место го освои Групата “Соната” и Катерина Брезева со песната “Бовчалак”, второто место му припадна на Милован Секулоски со песната “Дар од небото”, додека пак третото место до освои песната “Охрид свети од убавина” во изведба на Мирко Вретеновски.

Втората и третата фестивалска вечер, односно, поп и интернационалната вечер се посебна приказна која не може да ја раскажеме во еден текст, и затоа можеби ќе посветиме овој пат малку повеќе внимание на овие две фестивалски вечери на “Охрид фест”.

Рени – "Знаеш ли"

Gepostet von MUZIKA24.MK am Montag, 9. September 2019

Посебно внимание на поп вечерта слободно можеме да кажеме дека привлекоа младите музички имиња кои за прв или можеби по втор пат им се дава шанса да настапат на ваков голем фестивал и да го покажат она што го знаат и умеат. Тука слободно може да ги издвоиме младата и преубава Деспина Спасовска која и покрај тоа што не успеа да освои доволен број на поени да се појави на Интернационлната вечер таа со својот впечатлив настап ја освои публиката, потоа младиот и симпатичен Дамјан Димевски, Гоце Гошкоски – Чоки кој испеа интересна балада, Денис Димоски кој ја изненади публиката со свој интересен настап и динамична песна, Уникат Бенд кои исто така имаа преубава балада, Симеон Коруновски кои со својата чудно-интересна песна позитивно ги изненади речиси сите присутни, Рени која што својот настап го претвори во една интересна бајковита приказна со оглед на тоа дека таа носеше преубав бел невестински фустан и заедно со девојките во позадина играше на сцената, а најголемо изненадување беше младата и премногу интересна Јасмин Лопез која што ја испеа преубавата балада “Некој рече збогум” знаејќи дека таа е од Куба и дека сеуште доволно добро незнае македонски јазик. Големо браво.

Исто како и на поп вечерта, така и на Интернационлната вечер на музичкиот фестивал “Охрид фест”, комплетен победник и секако заслужено победи Биба Додева која не случајно своето музичко појавување по долга пауза го направи токму тука и токму со предобрата, емотивна и од душа испеана балада “Како некогаш”. Како што и таа самата кажа на генерлната проба, додека ја снимала песната во студио плачела неколку пати на истата. Искрено и од се среце и честитаме на Биба, иако тоа на неколку наврати го направи нашата екипа лично.

Биба Додева – “Како некогаш”

Gepostet von MUZIKA24.MK am Montag, 9. September 2019

Не се сомневаме дека оваа песна нема да биде хит и дека нема да се слуша во наредниот период се до следната година, следниот “Охрид фест”, и од срце им посакуваме на организаторите сите аномалии и вакви или онакви пропусти следната година, кога ќе биде и 27-то издание на овој познат музички фестивал да ги совладаат и се да тече и да се случува онака како што тие сакаат и посакуваат.

Благодариме за организаторите, како и уметничките директори Цане Петров и Горан Милошески кои несебично помагаа и ги известуваа новинарите за секоја промена и новитет во текот на фестивалот. Музика24 оваа година беше еден од медиумските покровители на фестивалот.

Подготви: Иван Јосимовски

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.