Како што неофицијално дознава музичкиот портал Музика24, на првото издание на најавениот “Prilep Beer Weekend” наместо познати водителски имиња, на сцената како водители ќе се појават Ева Јовановска и Стефан Лазаров.

За разлика пак од оваа година, на некогашниот “Пивофест” како водители на сцената се имаат појавено голем број на познати водителски имиња, меѓукои ќе го споменеме големиот македонски шоумен Игор Џамбазов, маникенката Маријана Станојковска, Лила Филиповска, Александар Блажевски, Жарко 1 на 1, Ненад Ѓеоргиевски… и многу познати водителски имиња кои нешто значеле и значат во Македонија.
Се прашуваме само дали овие исти водители ќе се појават на “Skopje Beer Weekend”, што во главниот град ќе се одржи од 14-ти до 17-ти септември во спортската арена Јане Сандански.
Но како велат, знаејќи дека е прво издание, нов пивски фестивал во Прилеп – Каков фестивал, такви водители.