“Канеофест” годинава со меѓународен карактер

Како што велат организаторите на 18-то издание на Фестивалот на новосоздадена македонска народна и забавна песна “Канеофест”, годинава освен што фестивалот ќе добие меѓународен карактер, истиот ќе се оддржи на 29-ти јуни во Охрид со голем број на познати млади и повозрасни музички имиња од македонската музичка сцена.

“Благодарение на добрата промоција и успешноста на работата на тимот на фестивалот, оваа година добиваме и меѓународен карактер со тоа што ги прошируваме нашите хоризонти и на земјите соседи од каде веќе има пријавено учесници, како и договорена е соработка со изведувачи во ревијалниот дел”, велат организаторите за Музика24.

Фестивалот сеуште ја држи традицијата и ќе продолжи во својата намера за промовирање на пред се новите и млади изведувачи кои ја чекаат својата шанса на сцена, ама и се разбира тие отвараат и простор за оние веќе докажаните. Па така, сите кои што поседуваат музички талент, сакаат да пеат, да бидат перформери или едноставно да се забавуваат, организаторот ТВ Морис од Охрид ги очекува да се пријават на конкурсот кој сеуште е отворен. Крајниот рок за пријавување на песни е до 20-ти јуни на добро познатите e-mail адреси: tvmoris@yahoo.com ; kaneofest_jovan@hotmail.com

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.