Фестивали

Кики Лесендриќ на „Охрид фест“: Моите песни мирисаат на вистина, затоа траат

Кики Лесендриќ, една од иконите на српскиот рокенрол звук во 80-те и 90-те години на минатиот век, ќе настапи на Интернационалната вечер (3-ти септември) на 29-то издание на „Охрид фест“. Евергрините „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Као птица на мом длану“.., ќе ја потсетат македонската публика на нежните балади и специфичната боја на гласот на Лесендриќ.

На прашањето што прави тој вообичаено во текот на летниот период, Лесендриќ одговори:

“Моментално сум на Санторини во Грција, но бргу се враќам за Белград, па почнувам со јулските концерти. Воглавно, преку лето сум на Закинтос, а се враќам за концерти”, вели српскиот рокер и додава:

“Не сум бил во Македонија навистина долго. Но, во еден период со „Пилоти“ свиревме многу кај вас, мислам, сигурен сум дека скоро и да не постои место каде не настапувавме. Се надевам дека новиот албум на есен, повторно ќе не донесе во Македонија, дека повторно ќе свириме, и тоа ќе го правиме со посебно задоволство”.

Што се однесува до неговото навистина големо и богато музичко искуство што како автор, што како продуцент или пак ментор, тој вели дека најважен дел од неговиот живот на кој што сака со задоволство да се сеќава е на пример почетокот на 1981 година кога го добил првиот бакнеж во училиште, лудите 80-ти па се до војната и неговото заминување за Грција, а потоа и враќањето со албумот „Месец на вратима“. Тој вели дека годините се зад него, но и покрај тоа, тој сеуште сака да снима и да биде дел од рокенрол сцената.

Можеби ќе ве интересира: