Кој ќе ја преставува следната година Македонија на Евросонг во Ротердам

Како што е познато од претходно, Евросонг 2021 ќе се одржи во Ротердам, Холандија, кој требаше да биде домаќин оваа година, но музичкиот спектакл беше откажан поради пандемијата на коронавирусот. Сега е познато дека полуфиналето на најголемото европско музичко натпреварување следната година ќе се одржи на 18-ти и 20-ти мај, додека финалето ќе се одржи на 22-ти мај.

Концертната сала “Ахој” во Ротердам, сега претворена во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија, и идната година ќе биде сцената каде Европа ќе избира најдобра песна.

Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна.

Повеќе на Музика24...