Погледнете: Кој ќе ја претставува Словенија на Евровизија во 2020-та година

Во мај оваа година заврши музичкото шоу Евровизија, а победата ја однесе претставникот на Холандија. Пејачката Сенида Хајдарпашиќ Сенидах ќе ја претсавува Словенија на Евровизија која ќе се одржи следната година во Холандија. Таа е една од најпознатите пејачки во регионот и уште многу одамна имала желба да се проба на ова музичко натпреварување. Во 2014 година за малку да се исполни оваа желба на Сенида, бидејќи на изборот го освои второто место.

Како што пренесуваат медиумите, Сенида следната година ќе добие прилика од организаторите сама да ја претставува својата држава, без учество на националниот натпревар, а веќе и почнала да подготвува песна.

“Сенида многу се израдува што ќе ја претставува Словенија во Холандија. Евровизија е нејзина голема љубов. Се тоа доаѓа сега кога Сенида сака да гради интернационална кариера, па добро ќе и дојде да се претстави на публиката од стариот балкан”, вели извор близок на пејачката.

Организаторите велат дека таа ќе исполни посебен успех, бидејќи изведува музика која е хит во целиот свет. Сенида на музичка сцена зачекори во 2010 година со песната “Пустиња”.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.