Фестивали

Комплетирана е програмата за Get EXITed спектаклот во Струмица

Објавена е целосната програма на второто издание на Get EXITed настанот во преубавиот струмички Градски парк. ЕГЗИТ и Општина Струмица за 7-ми септември подготвуваат спектакл кој го предводат Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта, а сега им се придружуваат Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“. Овие одлични изведувачи за време на маратонската забава на посетителите ќе им донесат разновиден звук – од соул, поп и рок, преку најголемите глобални хитови, до музика на светот и техно.

Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со општината Струмица, влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезниците по промотивната цена од 3100 денари.

Со седум исклучителни изведувачи второто Get EXITed издание ветува несекојдневно разновиден музички настан на кој сите се добредојдени.

Можеби ќе ве интересира: