Фестивали

Лео Мартин пред настапот на „Охрид Фест“: Се радувам што пак ќе дојдам во Охрид

Српскиот пејач Милош Јовиќ, попознат како Лео Мартин, за песната „Одисеја“, снимена во 1973, ќе добие награда за безвременска песна на „Охрид Фест“, што ќе се одржи на 30-ти и 31-ви август на сцената на Долни Сарај. Мартин, кој има 82 години, ќе биде гостин на фестивалот за да ја прими наградата.

„Сите ме викаат Лео, а сопругата и нејзиното семејство ме викаат Мартин. Единствено мојот покоен пријател, композиторот и диригент Војкан Борисављеевиќ ме викаше со моето вистинско име Милош. Ја сакам вашата земја, бев многупати, а таму живее и мојот син со семејството. Учествував на Скопски фестивал и тоа со забележителен успех. Се сеќавам на песните ‘Да нема разделби’ и ‘Билјана’. Охрид е прекрасен, се радувам што ќе го видам повторно. Еднаш бев на турнеја која траеше една недела“, рече Мартин пред доаѓањето во Охрид.

За својата песна „Одисеја“ вели дека е вонвременска и се радува што ја пеат и стари и млади на разни натпревари.

„За жал, денес музиката повеќе се гледа отколку што се слуша. Почестен сум што „Одисеја“ е прогласна за безвременски хит“, рече пејачот.

Можеби ќе ве интересира: