Фестивали

Лукашенко за Евровизија: Ова е уште еден напад на странски сили врз Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, реагираше на предупредувањето на Европската радиодифузна унија за можно дисквалифукување на неговата земја од Евровизија.

“Ова е уште еден напад од странски сили врз Белорусија, обид за дестабилизација на земјата и мое соборување. И Евровизија не е исклучок, тие почнуваат да нè притискаат на сите фронтови, па дури и на Евровизија. Но ќе направиме друга песна. Гледате дека сето ова е исполитизирано”, изјави Лукашенко.

Пред два дена организаторите на престижниот музички натпревар издадоа предупредување до Белорусија, поради политички пораки содржани во песната.

Можеби ќе ве интересира: