Македонија го потврди учеството на “Евровизија 2020”

Македонската радио телевизија (МРТ) го потврди учеството на Изборот за песна на Евровизија во 2020 година која ќе се одржи во Ротердам, Холандија. Од МРТ сеуште го немаат објавено начинот на кој ќе го избере евровизискиот претставник. Во изминативе години се вршеше интерен избор во МРТ.

Според неофицијални анализи на Музика24 во игра за евровизиски претставник се: Сара Мејс, Лозано, Антониа Гиговска итн.

Досегашни евровизиски претставници на нашата земја биле: Владо Јаневски, XXL, Каролина, Тоше, Мартин Вучиќ, Елена Ристеска, Тамара, Врчак и Гаџа, Ѓоко Танески, “Next Time”, Влатко Илиевски, Калиопи, Лозано и Есма, Тијана Дапчевиќ, Даниел Кајмакоски и “Ај Kју”.

Повеќе на Музика24...