Македонија на “Детската евровизија” заврши на шестото место (Видео)

Македонската претставничка Мила Москов имаше забележителен настап на 17-та по ред “Детската евровизија”, изведувајќи ја песната “Fire” во арената “Гливице” во Полска. Македонската претставничка, четиринаесетгодишната Мила која настапи четврта, беше сама на сцената. Нејзината изведба доби силен аплауз од публиката. Македонската претставничка го освои шестото место со 150 поени.

Мила го доби највисокото признание од интернационалниот портал “Дестинејшн јуровижн” – сертфикат за најдобар евровизиски пакет според мислењето на читателите. Признанието и беше врачено на македонската претставничка пред сите присутни учесници и медиуми низ директен телевизиски пренос на полската национална телевизија.

Автори на “Fire” се Лазар Цветковски, кој ја напиша музиката и го направи аранжманот, и неговата сестра Магдалена Цветковска која го напиша текстот.

Победничка на годинешната “Детската евровизија” е Вики Габор од Полска со песната “Superhero”, според гласовите на националните жири-комисии и на публиката, на второ место заврши Казахстан, додека на трето Шпанија.

Повеќе на Музика24...