“Макфест” годинава без присуство на новинари?!

Како и секоја година, така и оваа, есенскиот период е предвиден за штипските фестивалски ноти и композициите кои душа галат односно за Фестивалот на забавни мелодии “Макфест,” кој оваа година го прославува своето 34-то издание. Но за жал, ќе мора да констатираме дека и овој голем стаж не е доволен за организаторите да ја научат лекцијата кога е во прашање комплетното презентирање на новите фестивалски рефрени. Ова не случајно го подвлекуваме затоа што претпоставуваме дека овој пат ќе има промени од причина што позади фестивалот застана млада екипа од која се очекуваше да донесе квалитетни новини, но наместо тоа добивме повторно информација дека и оваа година новинарите не се испочитувани според основните стандарди, односно дека за нив акредитацијата подразбира само следење на фестивалските вечери, но не и сместување и престој три дена во градот под Исарот.

Размислуваќи логично се поставува прашањето која е целта на организаторите кои смислено ги опструираат новинарите како гласници со своето (не)присуство да не можат да известуваат за фестивалот зошто не постои начин да се следи фестивалскиот програм и потоа после полноќ да патуваат назад во своите градови, а другиот ден “Јово на ново” повторно да доаѓаат на фестивал !?!

Нонсенс и своевиден преседан. Тотално безпредметна дебата која од старт треба да е бојкотирана од новинарската фела која очигледно во Македонија не научија да ја уважуваат и почитуваат!

Колку за информација новинарот треба да има три дневна акредитација која подразбира сместување и престој како би можел да ги следи сите дневно-вечерни случувања и воедно да добие пресс центар од каде би можел да испраќа редовно материјали до својата редакција и навремено јавноста да ја информира за сите случувања, што во оваа ера на дигитализација се подразбира. Но кај нас се е “обратно”, па така основните правила се преправаат без образложение и без било каква алтернатива се сервираат одлуки кои во најмала форма се скандалозни.

Која е целта на еден настан, манифестација или фестивал ако нема критички осврт од страна на новинарите и ако нивното присуство не е забележано?! Ако мислат дека политичарите со своето присуство се побитни од колку новинарите на еден културен настан тогаш јасно е зошто ја дотеравме работата до ова дереџе. Како може да изостане критичкиот осврт за нешто што се организира за општо добро и за кое се трошат буџетски средства ?! Дали е “Макфест” приватно шоу и забава или негова традиција мора да се одржи “пошто пото” како би се оправдале издвоените пари за овој настан. Знаејки ги високите парични награди што се превидени за учесниците јасно е дека фестивалот располага со одличен буџет, но ете сакале да заштедат на новинарите?!? Смешно…

Колку за споредба во истиот временски период кога ќе се одржува “Макфест”, во Охрид, Претседателката на национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Македонија Андријана Алачки го организира четвтото издание на “Гастромак”, каде со помош на Општина Охрид четири дена се грижи за стотици готвачи и гости од странство, како и за сите македонски и странски новинари кои се акредитираа на овој настан. Дали ова ќе значи масовно новинарско следење на гастрономијата, а игнорирање на музиката ќе видиме за неколку дена кога овие две манифестации на дело ќе ги одмерат силите како во афирмативна смисла така и во организаторски способности.

Група на новинари

Повеќе на Музика24...