Фестивали

“Макфест” годинава со повеќе пари

Додека Фестивалот за забавни мелодии “Макфест” има распишано конкурс за нови композиции, а воедно конкурсот за новиот уметнички директор е веќе завршен и сеуште официјално не се знае кој годинава ќе ја превземе таа функција, иако неофицијално во фестивалските кругови веќе се шпекулира дека стариот уметнички директор повторно ќе седне на “жешкото столче”, Министерството за култура на Република Македонија ги објави резултатите од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година.

Според резултатите кои се јавно достапни, Фестивалот за забавни мелодии “Макфест”, односно, Општина Штип како организатор на фестивалот годинава од Министерството за култура ќе добие 2 милиони денари, а Општина Штип за овој најстар и нареномиран музички фестивал ќе одвои 4,5 милиони денари од својот буџет, барем така изјави техничкиот директор на фестивалот Кирил Панајотов на прес-конференција одржана во декември минатата година.

Тука го поставуваме прашањето, дали тоа значи дека ако минатата година “Макфест” не доби финансиски средства од Министерството за култура, тие под изговор дека немаат доволно пари, несоодветно и непрофесионално се однесуваа и ги третираа новинарите и новинарските екипи кои сакаа и беа заинтересирани да известуваат за минатогодишното издание на фестивалот. Дали оваа година сето тоа ќе се промени, со оглед на тоа дека годинава имаат повеќе средства и новинарските екипи кои патем се заинтересирани за следење на овој престижен музички фестивал ќе бидат соодветно третирани како од организаторите, така и од директорите на фестивалот?

На минатогодишното 34-то издание на “Макфест” на кое што освен локалните новинари не присуствуваа новинари од останатите медиуми, победи Мартинијан Кириловски кој ја изведе песната “Сто пати на ден”. Второто место го освоија Александар Митевски и Драган Спасов-Дац со песната “Уште ми фалиш”, а трето место им припадна на познатата група од Србија “Фрајле”, кои на македонски ја интерпретираа песната “Не и признавај”.

Можеби ќе ве интересира: