Фестивали

Мате Булиќ и Франо Пехар доаѓаат на Водице да ја распеат публиката со песната „Нисам ја без корена“ (Видео)

Еден од најпопуларните регионални пејачи, Мате Булиќ, по вторпат ги здружи силите со талентираниот музичар Франо Пехар во дуетот „Нисам ја без корена“ кој на 8 јуни ќе го претстави во Водице.

„Песната е токму по мој вкус, одлично ми одговара вокално и најдобро се чувствувам и се снаоѓам во такви песни. Франо Пехар е мој братучед кој е многу доминантна личност во неговиот жанр, а јас сум различен. Изгледа доста добро кога ќе се собереме, тоа го докажавме преку нашиот прв дует „Горд сум на тебе“, а ова е само продолжение“, изјави Мате Булиќ.

Музиката и текстот ги напиша авторот на бројните хитови Душан Бачиќ, а зад аранжманот и продукцијата стои Дејан Николиќ. Динамичното видео е снимено на неколку прекрасни локации во Ливно и истото е во режија на студиото FSA. Миленик на публиката, човек на народот, крал на дијаспората – ова се само дел од епитетите кои му ги дадоа обожавателите на Булиќ поради неговата голема љубов кон поднебјето на кој и денес припаѓа неговото срце.

Мате Булиќ, со кариера долга повеќе од 40 години, е познат по бројните хитови како „Гори боровина“, „Играј маре прашина се диже“, „Дому мамо“, „Моја Херцеговина“, „Ивана“, „Дабогда се и ти мажена“ и „Неретва тече тивко“.

Можеби ќе ве интересира: