Фестивали

Мери Попова бара поголем буџет и побројна делегација за Евровизија 2023

МРТ размислува за идно учество на земјава на Евровизија. Имено, ;Македонија се квалификуваше во големото финале само 6 пати во 18 обиди. По четири последователни квалификации од 2004-2007 година, оттогаш се квалификуваше само двапати – со Калиопи во 2012 година и Тамара во 2019 година.

Покрај лошите резултати, имиџот на Евровизија во земјава е значајно нарушен по скандалите со Васил и Андреа. Токму поради тоа шефицата на македонската евровизиска делегација, Мери Попова поднесе предлог до Програмскиот совет на МРТ во кој ги наведува начините на кои земјава би можела да ги подобри своите резултати на идните натпревари за песна на Евровизија.

Попова предлага:

  • долгорочна стратегија: Потребно е да се утврдат јасни насоки за тоа како ќе се избира претставникот, кога МРТ ќе се пријави за учество на Евровизија. Исто така, Попова предлага од самиот почеток да се формира работната група задолжена за подготовка на евровизиското учество.
  • проширување на делегацијата: Имањето мала делегација која често работи на повеќе проекти, покрај Евровизија, отсекогаш ја кочела нашата делегација. Попова сака МРТ да ја зголеми големината на делегацијата за да и обезбеди поголема стабилност понатаму.
  • зголемување на буџетот: Попова би сакала секоја година да види зголемена и стабилна сума на пари посветена на македонското евровизиско учество и истата да биде во функција во септември, бидејќи плановите за натпреварот ќе започнат во мај. Таа го обвинува лошиот буџетски план и нестабилноста што доаѓа со тоа како да му наштетат на успехот на Македонија во последниве години.
  • подобра промоција: Попова сака да види соодветен маркетинг план за Евровизија. Притоа, МРТ би ја промовирала својата кандидатура и би ги оптимизирала економските можности за емитување на преносите со продажба на рекламни слотови по фер цена. Ова може да и ги даде на МРТ потребните пари за подобро да го финансира своето учество, а истовремено да го искористи целосниот потенцијал на Евровизија.
  • создавање тим за односи со јавноста: Со формирање на тим за односи со јавноста, МРТ може полесно да ја заштити јавната слика за своето учество на Евровизија, која е оштетена за време на нашите претходни учества.

Извештајот објавен од Програмскиот совет на МРТ го задолжи менаџментот на МРТ да подготви сопствена анализа за Евровизија и да достави дополнителни информации за тоа како ќе се спроведува извештајот на Попова, приходите од маркетинг од оваа година и од претходните 3 години преку продажба на маркетиншки слотови за Евровизија и информации дали се преземени дисциплински мерки против членовите на евровизиската делегација, во врска со скандалот што се случи на торинскиот црвен тепих.

До денес 20 земји го потврдија своето учество на Изборот за песна на Евровизија 2023 година, а Македонија не е меѓу нив. Останува да се види дали земјата ќе може соодветно да се подготви за Евровизија 2023 или ќе паузираме и ќе се вратиме во иднина.

Можеби ќе ве интересира: