Мила Москов ќе ја претставува Македонија на “Детска евровизија” (Видео)

На овогодинешниот “Детски избор за песна на Евровизија” кој ќе се одржи на 24-ти ноември во Гливице, Полска, земјава ќе ја претставува Мила Москов од Прилеп.

Македонската радио-телевизија соопшти дека по аудицијата одржана во саботата, на која учествувале 18 кандидати, комисијата едногласно ја избрала Мила Москов оценувајќи дека има најдобар настап, поседува извонедни пејачки способности и достојно ќе ја претставува Република Македонија.

“Од најрана возраст Мила покажува интерес кон музиката и на шест години се запишува во локалното државно музичко училиште во Прилеп на одделот за пијано, но по две години се префрла на соло пеење каде и ги прави своите први почетоци во пеењето. На 11 години се пријавува на аудиција за мали таленти каде влегува во финале со што се зголемува интересот за пеењето. Во 2017 година се запишува во приватното музичко училиште “Матрикс” во Прилеп, на настава кај професорот по соло пеење Денис Димоски. Димоски ја претставуваше земјава на “Детска Евровизија” во 2005-та година. Инаку, Мила во 2017-та учествува на фестивалот “Мелфест” како дебитант и ги собра симпатиите на публиката. Мила учествува и на хуманитарни манифестации и заедно со детскиот хор “Мали ангели” пее на неколку концерти за помош на децата со посебни потреби”, наведува Македонската радио телевизија.

Во продолжение видете еден од настапите на Москов:

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.