По одличното стенд ап шоу со Весна Бејби Петрушевска, „Milk&Blues Festival“ продолжува со шоуто на одличниот Марјан Ѓорѓиевски кој што на 24-ти октомври во добро познатата Јавна соба ќе ве насмее до солзи и со сигурност знаеме дека таа вечер ќе си заминете ем задоволни ем насмеани. Организаторот вели дека сите карти се распородадени, но никогаш не е доцна за уште и уште смеа и добра забава. Не заборавајте, станд ап шоуто со Марјан започнува во 21 часот.

На 26-ти октомври пак, Јавна соба ве поканува на целовечерниот и одличен концерт на Владимир Четкар кој после одличните настапи и концерти во Јапонија конечно со целовечерен концерт и во македонската метропола, точно во центарот на градот – Јавна соба. Со свој концерт во Јавна соба, Владимир Четкар заедно со неговиот бенд ќе приредат волшебно музичко доживување, кое долго ќе остане во сеќавање на присутната публика.

А доколку одбравте на кој настан ќе присуствувате со Вашето друштво, не чекајте, уште вечерва, утре… додека не е доцна, резервирајте го Вашето место и понесете насмевка и позитивна енергија. И да не заборавите, билетите за сите случувања во Јавна соба можете да ги набавите и on line преку плаќање на сајтот: www.bileti.mk.