Мистеријата е решена: Евровизија 2019 ќе се оддржи во Израел

Израелската јавна радиодифузна корпорација (ИЈРК) вчера го прифатија нацртот предложен од министерот за финансии Моше Калон, потврдувајќи дека натпреварот за песна на Евровизија ќе се одржи следната година во Израел, според планираното.

“ИЈРК смета дека израелската влада ќе стори се за да ја обезбеди Евровизија во Израел следната година”, се вели во соопштението.

Имено, Израел имаше краен рок до 14-ти август за исплата на кауција во износ од 12 милиони евра на швајцарска сметка, како гаранција за прифаќање на организацијата или немаше да се случи Евровизија во нивната држава. Во меѓувреме, државната телевизија на Израел, КАН побара пари од државата за организацијата на овој фестивал, на што првично министерот за финансии одби да даде средства на располагање. Случајот одеше и до таму дека ако парите не се најдат на сметка, ќе се бара друга држава за организирање на фестивалот.

Меѓу другото, по победата на израелската пејачка Нета Барзилај, веднаш почнаа противења за одржување на овој музички фестивал во Израел, поради безбедносната ситуација. Како второ сценарио беше предвидена Австрија да ја преземе оваа улога, која пак, пред две години беше домаќин.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...