Ексклузивно: МРТ го откажа учеството на Детска Евровизија 2020 (Фото)

Македонската радио телевизија ја извести Европската радиодифузна унија (ЕБУ) дека го откажува учеството во Детскиот избор за песна на Евровизија кој ќе се одржи на 29-ти ноември во Варшава, Полска.

“Со жалење Ве известуваме дека Македонија нема да учествува на Детскиот избор за песна на Евровизија 2020 година. Се надеваме дека состојбите ќе се променат на подобро за изданието во 2021 година. На сите кои можат да учестуваат им посакуваме забавни моменти и да го движат светот”, објавија од МРТ на официјалниот Твитер профил.

https://twitter.com/esc_macedonia/status/1287718931675910145?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1287718931675910145%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fescbubble.com%2F2020%2F07%2Fnorth-macedonia-withdraws-from-junior-eurovision-2020%2F%3Ffbclid%3DIwAR3VF7p9__PoJLzG43AKJz2K-CuPqX9t7hAKKylGLrHQIV4nOO8_ft1ln9E

Република Македонија е трета земја која после Велс и Австралија го откажува учеството на овогодинешното издание. Ова е прв пат земјава да не учествува на Детска Евровизија на која учествува уште од првото издание во 2003 година.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.