Фестивали

МРТ организира Национален избор за песна и претставник на Евровизија 2022

МРТ објавија дека после 6 интерни селекции, повторно ќе организираат национално финале, каде ќе се избере песната и претставникот за Евровизија 2022 во Торино.

МРТ објави отворен повик за песни на кој сите заинтересирани можат да ги испратат своите песни до 16-ти јануари. Повикот за песни е отворен за сите композитори, може да се од странство, но сите изведувачи мора да имаат македонско државјанство и да ја достават конечната верзија на песните.

Кон крајот на јануари, предизборното жири ќе ги преслуша сите пристигнати песни и ќе избере не повеќе од шест песни за влез во националното финале. Победникот и песната потоа ќе бидат избрани со мешавина од телевоутинг и гласови од меѓународното жири. Целосните правила за процесот на поднесување може да се најдат на овој линк.

Последен пат земјава имаше национално финале во 2015 година, кога Даниел Кајмаковски победи на Скопскот фестивал со „Лисја есенски“.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....