ЕБУ пресече, Гарванлиев не може да настапува на Евровизија 2021 со истата песна (Видео)

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги расчисти дилемите околу судбината на овогодинешните евровизиски песни. Сите песни кои беа подготвени за овогодинешниот Избор за песна на Евровизија во Ротердам не можат да се натпреваруваат следната година. Со одлуката е засегнат и Васил Гарванлиев кој требаше да ја претставува земјава со песната “You“.

Впрочем и според правилникот за учество песната која се натпреварува на “Евровизија” не смее претходно да биде изведувана и промовирана. Неколку земји меѓу кои Шпанија, Грузија, Грција, Азербејџан, Украина и Холандија најавија дека избраните артисти во 2020 година ќе ги претставуваат во 2021 година.

Одлуката на ЕБУ е конечна но се разгледува можноста да се организира манифестација од ревијален тип за промоција на овогодинешните песни. Дали Васил Гарванлиев повторно ќе биде избран за претставник сеуште е рано да се прогнозира, бидејќи нема официјални детали за следната “Евровизија”.

Повеќе на Музика24...