Фестивали

На 10-ти јули во Прилеп “Иселенички фестивал” (Фото)

По пауза од пет години, оваа година повторно во градот под Марковите кули, градот херој, ќе се одржи “Иселеничкиот фестивал”. И оваа година градот Прилеп ќе биде домаќин на еден од најпознатите македонски музички фестивали кои го организира иселеник кој долги години живее и работи во Германија Ордан Ристески кој потекнува од Прилеп, па поради тоа го организира овој фестивал токму тука сакајќи да му се одолжи на градот преку песната.

Местото за оджување е веќе закажано, на камената бина на плоштадот “Александрија” на 10-ти јули кога на сцената ќе се појават голем број на македонски познати музички имиња кои живеат и работат во европските и прекуокенаските земји, а тука се се со цел да им покажат на своите сограгани дека сепак размислуваат и творат за својата татковина Македонија.

Музичкиот портал Музика24 дојде до конечната и официјална листа на сите учесници кои ќе настапат на “Иселеничкиот фестивал 2022” во Прилеп:

  • Славка Младеновска (Шведска),
  • Пепи Димоска (Германија),
  • Алексо Тришоски (Швајцарија),
  • Гашо Тришоски (Швајцарија),
  • Слаѓана Костова (Италија),
  • Цане Николовски (Шпанија),
  • Марјан Васкоски (Австралија),
  • Пеце Даскалот (Америка),
  • Симе Бричот (Австралија),
  • Ѓорѓи Тримчевски (Германија),
  • Зоран Далчески (Америка),
  • Павле Кајмакоски (Австрија),
  • Лефко Блажески (Австралија),
  • Јоцо Стоиловски (Италија) и Петар Нечовски,
  • Љупчо Јовановски-Бубе (Австралија),
  • Ордан Ристески (Германија),
  • Горан Ристовски (Германија),
  • Барбара Јаковлеска (Швајцарија),
  • Драган Драгаш (Шведска) и Благоја Грујовски,
  • Перо Христов,
  • Мишко Микле Србиноски (Америка),
  • Нада Ангеловска (Австралија), и
  • Лилјана Стоилковска.

Како што вели организаторот на “Иселенички фестивал”, Г-нот Ордан Ристески, досега свое учество на фестивалот потврдиле 25 учесници. Како специјална гостинка на овогодинешното фестивалско издание на “Иселенички фестивал” ќе се појави познатата македонска пејачка на народна музика, легендарната Виданка Георгиева која ќе има свое шоу и која воедно сите присутни ќе ги потсети на убавите обнародени македонски песни.

Фестивалот е подржан од Општина Прилеп и Градоначалникот Борче Јовчески кои во организирање помагаат со техничка и морална логистика. Истиот ќе се случува на отворено, односно, влезници и не се потребни туку само желба и волја за слушање и уживање во македонската музика. Доколку пак временските услови не дозволуваат фестивалот да се одржи онаму каде што е замислено, камената бина на плоштадот “Александрија”, организаторот вели дека постои алтернатива и дека истиот ќе биде префрлен во Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Оваа година музичкиот портал Музика24 е еден од медиумските покровители на овој надалку познат музички фестивал, и воедно, со задоволство ве покануваме доколку имате можност и сакате убаво помината вечер истата нека биде помината со нашите македонски познати музички имиња од дијаспората.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: