На 12-ти јуни стартува “Виолин фест” во Македонската филхармонија

На 12-ти јуни со почеток во 20 часот, во камерната сала на Македонската Филхармонија ќе се одржи седмиот по ред концерт на млади виолинисти “Виолин фест”. На овој концерт, кој прерасна во еден вид традиција, своите вештини на инструментот ќе ги прикажат 11 млади виолинисти од Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова.

Несекојдневениот концерт има за цел да овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските на своите училишта, и да уживаат во она што го постигнале со досегашната работа. Овој проект е во организација на концерт мајсторот на Филхармонијата, Владимир Костов и е поддржан од Министерството за култура. Да ве потсетиме, влезот е бесплатен.

Повеќе на Музика24...