Фестивали

“Есенски Музички Свечености”: На 17-ти ноември концерт на Гонца Богоромова-Краповски и Маестро Симон Трпчески (Фото)

Во организација на Дирекцијата за култура и уметност, а во рамки на музичкиот фестивал “Есенски Музички Свечености”, во вторник 17-ти ноември со почеток во 19 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија ќе се одржи Концерт на Гонца Богоромова-Краповски (сопран) и Маестро Симон Трпчески (пијано).

Како што велат организаторите, на концертот ќе може да ги проследите светски познатите арии од В.А. Моцарт, С. Донауди и Ф. Обрадорс. Концертот е во соработка со КултурОп.

Влезот е слободен, а резервациите можете да ги направите на меилот: [email protected] или на телефонскиот број: 02 3222 341 (од 10 до 14 часот во работните денови) најдоцна до 17 ноември во 11 часот. Покровители на годинешните “Есенски Музички Свечености” се: Министерство за култура на Република Македонија и Град Скопје.

И овој концерт, како и останатите кои се одржаа досега, ќе се одржат согласно протоколот за организација на настани на Ковид-19, а тоа подразбира, носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; и задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

Можеби ќе ве интересира: