Фестивали

На 5-ти октомври започнува големиот октомвриски „Milk&Blues Festival“ во Public Room (Фото+Видео)

Како што и веќе најавивме, утре започнува големиот октомвриски фестивал „Milk&Blues Festival“, исполнет со многу настани, случувања, музички концерти, станд ап вечери и што се не.

Овој пат ние детално ќе Ви ги претставиме неколкуте настани кои ќе се случуваат во текот на првата недела од ова прво фестивалско издание на „Milk&Blues Festival“ кое што ќе се случува во Public Room или попознато како Јавна соба.

„Milk&Blues Festival“ има чест да го отвори нашата позната македонска поп пејачка, Тијана Дапчевиќ. Таа и покрај тоа што работи и живее во соседството, сепак, секогаш е наша мила и драга гостинка и секогаш знае ем да ја расположи својата публика и фанови, ем добро и емотивно да ги разнежни, што е добро, зар не?

По повод нејзиниот концерт кој сите долго и нестрпливо го очекуваме, ние од Музика24 стапивме во контакт со Тијана. Таа за нашиот музички портал вели:

„После 17 години прв пат настапувам на поголем музички концерт во Скопје, не сметајќи ги сите оние мали настапи, евенти, веселби, приватни забави… ова и пред се не би го нарекла концерт, туку едно официјално дружење, т.н. Вечер со Тијана. Чувството е спектакуларно после долго време да настапиш буквално пред твоите, имам трема како што многу одамна не сум имала, а што се однесува до настапот… очекувам вечер полна со емоции. Инсистирам да пеам пред се мои песни, песни што сите ги знаат, а освен тоа публиката ќе може да слушне и песни од мои колеги, кои што приватно сакам да ги слушам кои што публиката ги сака и безрезервно ги подржува и пее, песни познати и помалку познати но пред се хитови“, вели Тијана, ексклузивно за музичкиот портал Музика24.

Таа за Public Room (Јавна соба) вели дека досега била само еднаш и тоа при посета на изложба, местото каде што ќе се одржи концертот и каде се случуваат сите поголеми настани досега го нема видено, но воопшто не се сомнева дека ќе биде одлично, и дека ќе биде навистина екстра. Воопшто и не се ни сомнева во тоа дека нема да направат добра и незаборавна журка од каде скопјани ќе си заминат задоволни од тој прв концерт на Тијана после долго време.

„Многу сум среќна што за прв пат во Скопје се случува „Milk&Blues Festival“, каде меѓудругото ќе настапи и Игор Џамбазов и каде општо се негува добра и квалитетна македонска музика и каде што настапуваат македонски ѕвезди, каде што ќе се случуваат разни стенд ап настапи, бидејќи во ова време тоа ни е од витално значење, односно, од круцијално значење. Така што го подржувам и поздравувам „Milk&Blues Festival“, и мислам и се надевам дека следната година ќе настапам повторно“, вели Тијана.

Таа ексклузивно за музичкиот портал Музика24 открива дека утре вечер за време на нејзиниот долгоочекуван концерт и покрај тоа што не настапува со својот бенд, сепак, ќе се обиде да ја отпее преемотивната и одлична „Изгрев“ за која што и самата открива дека на својот концерт пред 17 години кој се одржал во Универзална сала за време на изведбата на оваа песна таа буквално се распаднала од емоции.

И да не заборавиме, додека се уште не е доцна… резервирајте го Вашето место и понесете добро друштво. И да не заборавите, билетите за концертот на Тијана Дапчевиќ, а и за сите останати концерти и настани можете да ги набавите on-line преку плаќање на истите на сајтот: www.bileti.mk.

Откако ќе започне „Milk&Blues Festival“, по големиот концерт на Тијана, 8-ми октомври е ден кој ќе биде резервиран за најмалите. Со почеток во 11 часот ќе стартува првата детска едукативна претстава насловена „Зеленковци“ која што е наменета за деца со возраст од 4-8 години. Втората интерактивна детска претстава која ќе биде наменета за деца со возраст од 5-10 години, ќе го носи насловот: „Кој е тука кловн?“ и ќе започне во 12ч.30мин. И третата детска претстава, кој што всушност ќе биде детски мјузикл, ќе стартува во 14 часот и истиот ќе биде наменет за деца со возраст од 8 до 13 години.

Со ова предвидените настани и случувања за првата недела од октомври планирани за „Milk&Blues Festival“ завршуваат. Истиот продолжува на 10-ти октомври со многу интересни настани.

Можеби ќе ве интересира: