Фестивали

На Белорусија поради песната ѝ се заканува дисквалификација од Евровизија

Унијата на европски радиотелевизии (EBU) во четвртокот ја одбила белоруската песна за Евровизија и најавила дека ќе ја дисквалификува Белорусија ако не ја измени песната или не предложи нова.

Песната на бендот кој претходно објавувал песни во кои ги навредува протестите против претседателот Александар Лукашенко, предизвикала бес кај опозициските политичари и повици на некои членови на Европскиот парламент Белорусија да се исфрли од популарното натпреварување.

“Заклучивме дека песната го доведува во прашање неполитичкиот карактер на Евровизија”, соопштиле од “EBU”.

“Покрај тоа, реакциите кои песната ги предизвикува и се закануваат на репутацијата на Евровизија”, додадено е во соопштението.

Песната на групата “Galasy ZMesta” содржи зборови како “ќе ве научам на ред” и на официјалниот канал на “Youtube” добила 5.800 лајкови и 40.000 дислајкови од повеќе од половина милион прегледи. Ако песната биде изведена, критичарите велат дека би ја легитимизирала пресметката на Лукашенко против масата која излегла на улиците по спорните претседателски избори во август минатата година.

Можеби ќе ве интересира: