На “Sea Star” фестивал годинава доаѓаат најголемите на електронската сцена (Фото)

Хрватскиот “Sea Star” фестивал во своето најмоќно издание досега, годинава ќе ги претстави пред публиката своите адути во неколку бранови, во наредните недели, додека денеска ја претставува програмата предводена од две гигантски имиња од светската електронска сцена.

Својот настап во лагуната Стела Марис во Умаг, го потрвди човекот кој ја создаде музичката историја, трикратен добитник на наградата за најдобар светски DJ, еден од татковците на техно движењето, големиот и неповторлив Свен Ват, а со него доаѓа апсолутната предводничка на современиот електронски звук, харизматичната и уникатна Нина Кравиц.

Папа Свен, како што го нарекуваат сите фанови и почитувачи е некој кој стои како симбол на европскиот денс звук и некрунисан крал на Ибица чии “cocoon” забави ги следиме рекордни 20 сезони, актуелниот момент никој не го дефинира подобро од Нина Кравиц, веројатно една од најбараните ди-џејки на денешницата и главен хедлајнер на најголемите светски музички фестивали.

Нина претходните две години го одбележа и Exit фестивал, настапувајќи во најпрестижната временска секвенца за затворање на легендарната Денс Арена за време на која десетици илјади луѓе не дозволуваа таа да се симне од сцената, извикувајќи го нејзиното име. Атмосфера како на стадионските рок концерти, која дотогаш не беше евидентирана во електронската музика.Третото издание на “Sea Star” ќе се одржи во фамозната лагуна Стела Марис во Умаг, на 24-ти и 25-ти мај, а веќе се во продажба и влезниците по промотивна цена, од само 1999 денари, што е 50% попуст во однос на финалната цена.

Повеќе на Музика24...