Фестивали

Најавени уште два концерти на „OFFest“

Продолжувајќи ја традицијата на претставување на домашната сцена на „OFFest“, на 7-ми ноември (сабота) во Македонската филхармонија ќе настапат Добрила & Дориан Дуо и „Баклава“. На 10-ти ноември (вторник) истата сцена е резервирана за еден голем дует, предводен од величествениот мајстор на иранското кеменче Kayhan Kalhor, добитник на Греми и актуелен носител на специјалната награда за животно дело на Womex. Овој брилијантен музичар од курдско потекло, којшто се смета за клучна фигура во толкувањето на персиската музичка традиција, во Скопје ќе настапи во придружба на турскиот виртуоз на инструментот баглама Erdal Erzincan.

Влезниците за овие две вечери на „OFFest 2020“ се веќе во продажба преку продажната мрежа Mktickets.

Можеби ќе ве интересира: