Најголемиот вински фестивал “Skopje Wine Expo” од 26-ти до 28-ми септември во Скопје

По 14-ти пат, традиционално во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал. На “Skopje Wine Expo” посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, деликатеси и богата музичка програма. Од 26-ти до 28-ми септември на платото пред Македонската Опера и Балет (Плоштад “Мајка Тереза”) настапуваат: Ефто Пупиноски и Блага Петреска, Тропико Бенд, Слаткаристика, Ареа, Тоше Проески Трибјут (Александра Јанева и Марко Логаут), Ареа, Нокаут, Криско и Графа од Бугарија, Либеро Бенд и многу други.

На фестивалот ќе има дегустација на сортни вина, голем избор на гурмански специјалитети, вински коктели како сангрија и вино мохито и after work забави кои ќе започнуваат од 18 часот.

Повеќе на Музика24...