Фестивали

Најпопуларните македонски и балкански пејачи ќе настапат на „Мандра“ во Дојран

Водени од визијата “Дојран – Фестивалски град“ се најавува второто издание на „Мандра“ фестивалот, кој ќе се одржи на 15-ти,16-ти, 22-ри и 23-ти јули на паркингот „Гранит“ во Дојран. Под мотото „Еден фестивал за сите генерации“ овогодинешната програма буквално ќе ги задоволи вкусовите и потребите на сите генерации.

„Водени од визијата Дојран – Фестивалски град, ова е втора година како го

поддржуваме фестивалот „МАНДРА“ со цел да обезбедиме дополнителна програма за
жителите и туристите на Дојран во текот на летната сезона. Дојран е мал, убав и
исконски град кој има сериозен туристички потенцијал, овозможувајќи им различни
фестивали на туристите правиме конкурентна понуда на останатите туристички
капацитети во земјава“, изјави градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

Програмата е креирана да ги задоволи потребите и вкусовите на сите генераци,  па затоа оваа
година на фестивалот ќе настапат: Ацо Пејовиќ, Јоце Панов, Наташа Беквалац, Таско, „Црвена Јабука“, ТХЦХ, Тони Зен, Ивона ЈО, Реља Поповиќ, и Владо Јаневски, а водител на настанот ќе биде Мирослав Кацаров.

Фестивалот минатата година ги исполни туристичките капацитети на Дојран и привлече над
5.000 посетители од разни краишта на земјава. Специфичната програма ги обединува на едно
место тинејџерите и постарите генерации учејќи едни за други и нивната музичка култура.

„Ова е еден од најголемите фестивали во земјава, преку програмата се обидовме да
го донесеме најактуелното од Балканот и ветуваме одлични 4 фестивалски вечери
во позитивна и весела атмосфера“, изјавија од организацијата на настанот.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Југотон, Розе Веро2 и
сендвичара Џина – Дојран.

Можеби ќе ве интересира: