Фестивали

Наместо досегашната Каролина Петковска, нов домаќин на фолк вечерта на “Охрид Фест” ќе биде Ирена Спировска

Во годината на јубилејното издание на “Охрид Фест” кога организаторите најавија голем број на познати македонски, но и балкански музички имиња, наместо досегашната водителка на Фолк вечерта Каролина Петковска, домаќин на истата ќе биде познатата тв водителка од ТВ Алфа, Ирена Спировска. Која е причината и зошто е дојдено до промена, се уште не знаеме, но воопшто не се ни сомневаме во изборот на новата водителка која што организаторот ја избрал за Фолк вечерта која што ќе се одржи на 1 септември.

“Радосна сум што ќе имам можност да се појавам на сцената на “Охрид Фест” на неговото 30-то јубилејно издание”, вели Ирена Спировска и додава:

“Фолк вечерта на “Охрид Фест” е преубав спој на новосоздадената песна и уникатна убавина на величенствениот Охрид, па токму затоа е и омилен помеѓу изведувачите, авторите и публиката. Три децении придонес за македонската музичка сцена, голем број музички хитови и незаборавни музичко-сценски доживувања се за секоја почит, и од срце го честитам јубилејот на “Охрид Фест”. Инаку, сите изминати години редовно ги следев сите случувања поврзани со “Охрид Фест”, понекогаш во публика а некогаш пред тв екранот. Уште одсега ја чувствувам возбудата што оваа година за прв пат ќе моќам да ја доживеам на сцена фестивалската магија на фестивалот и што организаторите ми ја укажаа честа за јубилејното издание”, додава водителката Ирена Спировска.

Можеби ќе ве интересира: