“Нокаут” замена за Тамара на “Пивофест”

Популарниот македонски бенд “Нокаут” ќе настапи на “Пиво фест” на местото на Тамара Тодевска, која вчера го откажа својот настап. “Нокаут” ќе настапат последни на третата фестивалска вечер (20.07). Публиката ќе може да ги слушне големите хитови „Лебедот бел“, „Што бараш ти во мојата песна“, „За нас“, „Знаеш каде да ме најдеш“ и многу други од нивната долга кариера.

За добра мисла! Се гледаме на “Пиво Фест” каде Музика 24 е еден од медиумските покровители. Следете нe за уште ексклузивни информации.

Повеќе на Музика24...