Откажан настапот на “Нови фосили” на “Пиво фест”

Организаторите на “Пиво фест” соопштија дека ќе има измена во програмата за недела (21.07.2019г.).
Како што соопштија организаторите, поради оправдани причини членовите на групата “Нови Фосили” не се во можност да настапат на фестивалот на пивото.

Во истиот термин и датум се најавува Данијела Мартиновиќ. Ова ќе биде втор настап на поранешната пејачка на “Магазин” на фестивалот.

Повеќе на Музика24...